Митревски со Бенфика го заврши настапот во ЕХФ Купот

Екипата на Бенфика во чиј состав е македонскиот голман, Никола Митревски, не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето од ЕХФ Купот. Во последниот решавачки натпревар од групната фаза, Бенфика на гостувањето во Шпанија беше поразена од Анаитасуна со 35-28 и го загуби второто место во групата Д.

Митревски запиша десет одбрани на голот на Бенфика во второто полувреме, но ни тоа не беше доволно за португалскиот тим да го избегне поразот што му донесе елиминација од ЕХФ Купот.

Мелсунген, Анаитасуна и Бенфика завршија со по осум бода по шестте одиграни натпревари во групата, но португалскиот тим има најслаб скор во меѓусебните дуел со овие две екипи што на крај го чинеше пласман во четвртфиналето од ЕХФ Купот.

Германскиот Мелсунген кој на крај заврши на првата позиција, во последното коло славеше убедлива победа против последнопласираниот Кокс со 33-19.

Се вчитува...