Митревски застанува на голот со Грција, одмор за Борко Ристовски

Никола Митревски беше на трибините од салата „Боро Чурлевски“ на синоќешниот натпревар со Турција, но голманот на Констанца ќе ја има улогата на стартер на неделниот дуел против Грција што ќе се игра во Кожани.

Уште при кратењето на списокот за вчерашниот натпревар беше најавено дека Раул Гонзалес е решен да ги подели голманите за двете средби, па така Митревски ќе добие шанса од првата минута против јужниот сосед. Ова ќе значи и заслужен одмор за Борко Ристовски, кој со доаѓањето на Раул е прва опција за голманската позиција, откако претходно беше игнориран од страна на екс-селекторот Лино Червар.

Останува да се види дали овие две замени ќе бидат единствените, или пак Гонзалес ќе им даде шанса на младите Чурлевски и Крстевски, кои отпаднаа при последниот рез пред вчерашниот натпревар во Битола.

Се вчитува...