ЕКИПА во Љубљана,
Никола Станикевски
Македонскиот офанзивец Димитар Митровски на „домашен“ терен доживеа пораз од Словенците ако се знае дека настапува во редовите на Олимпија Љубљана.
Митровски, по мечот, видно разочаран истакна дека сите во тимот дале максимум но тоа, за жал, не било доволно за позитивен резултат.
„Секој пораз е болен, така и овој. Ние секогаш се обидуваме да дадеме максимум во националниот дрес. Почнавме добро, на натпреварот но некако нервозно пристапивме на второто полувреме и дојде првиот гол на противникот. Се обидовме да го свртиме натпреварот, но ете примивме голови по наши грешки, и за жал загубивме“ – ни изјави Митровски по мечот и дополни:
„Некако на секој меч го бараме тој прв гол, ја бркаме таа прва победа во 2026 година што би било крај на оваа серија и пресвртница за да се вратиме на победите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
