Митровски стрелец во победата на Олимпија која е предводена од Тренчовски

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски и репрезентативецот Димитар Митровски продолжуваат да ја водат Олимпија Љубљана до победи сезонава во шампионатот на Словенија.

Вечерва во дербито на 9. рунда од новата сезона Олимпија славеше на гостувањето кај Копер со 1-3.

Во листата на стрелци се запиша и нашиот репрезентативец Митровски кој го постигна вториот гол за својот тим во 54. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...