Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски беше стрелец во убедливата победа од 3-0 на Олимпија Љубљана против Гросупље во 8. коло од шампионатот на Словенија.
Митровски го постигна првиот гол на мечот за водство од 1-0 на својот тим уште во 27. минута од средбата.
Олимпија, на чија клупа е македонскиот стратег Југослав Тренчовски, потоа во вториот дел постигна уште два гола за конечна победа од 3-0.
Димитар Митровски беше стартер во дресот на тимот од Љубљана играјќи до 65. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
