Мициќ ја растури Црвена Звезда

Анадолу Ефес не дозволи никакво изненадување на дуелот со Црвена Звезда, триумфирајќи со убедливи 85-70. Иако европскиот вицепрвак долго време имаше двоцифрено водство, „црвено-белите“ се вратија во третата четвртина, за момент поведувајќи и со два поени разлика. Сепак, Ларкин со тројка го доведе Ефес во нова предност, по што турскиот гигант се врати во ритам и не дозволи до крајот победата да му биде доведена во прашање.

Мициќ одигра уште еден одличен натпревар стигнувајќи до 26 поени, додека најефикасен кај „црвено-белите“ беше Лоренцо Браун

Химки во интересен натпревар славеше над Панатинаикос со резултат 103-86. Мора да се истакне дека ПАО по првото полувреме имаше водство од 50-55, но рускиот тим ја стабилизираше одбраната во вториот дел, што придонесе да дојде до голем пресврт и убедлив триумф.

Алексеј Швед со 26 поени беше прв стрелец на Химки, а Јанис Тима реализираше 16 поени, 8 скокови и 6 асистенции.

Се вчитува...