Јована Мицовска се закити со сребрен медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Тирана, Албанија.
Каратистката која е член на клубот Макпетрол забележа четири победи во низа стигнувајќи до финалето, каде се среетне со Турчиката Бубер и по голема борба загуби со 1-3.
Многу близу до медал беа Петар Заборски и Вукашин Јовановиќ, кои ги освоија петтите места во своите категории во Тирана. На карате турнирот настапуваат 306 каратисти со 377 натпреварувачки влезови од 141 универзитет од 26 држави.
Во Тирана учестуваат повеќе од 1500 студенти – спортисти од околу 400 универзитети, кои се натпреваруваат во карате, џудо, таеквондо и кик-бокс.
Резултати Европско универзитетско првенство:
-61 кг
Јована Мицовска – Кјара Формисано (Италија) 7-2
Јована Мицовска – Ајсима Каракаја (Турција) 4-2
Јована Мицовска – Изабел Франко (Португалија) 3-3
Јована Мицовска – Леа Мари Бошард (Швајцарија) 6-3
Финале
Јована Мицовска – Нурбаде Бубер (Турција) 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
