Мизеријата има ново име – Брајтон го понижи „јунајтед“ и му кажа збогум од ЛШ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа нов срам сезонава, откако загуби на гостувањето кај Брајтон и Хов Албион со 4-0 во натпревар од 36. коло во англиската Премиер-лига. Гостите стигнаа до водство со голот на Каиседо во 15. минута од 1-0, резултат со кој се замина на пауза.

На 2-0 зголеми Кукурела во 49. минута, а дека ова ќе биде нов срам за Ралф Рагник се знаеше веќе во 57. минута кога Грос донесе водство од 3-0 за домаќините. Конечните 4-0 ги постави Тросард во 60. минута.

Со овој пораз „црвените-ѓаволи“ и дефинитивно се простија од Лигата на шампионите.

 

 

 

 

 

Се вчитува...