Македонската Кошаркарска Федерација ќе ги награди репрезентативците за успешниот настап во претквалификациите за Евробаскет 2021, па кошаркарите меѓу себе ќе поделат сума од вкупно 15.000 евра.
„Црвено-жолтите“ синоќа неочекувано загубија од Швајцарија, но без оглед на тој пораз се задржаа на врвот на табелата во групата, обезбедувајќи учество во наредната фаза од претквалификациите. Македонската куќа на кошарката донесе одлука за награда на сениорскиот состав, за мотивација за уште поголеми успеси во периодот што следи.
Нов предизвик за нашиот национален тим ќе биде втората претквалификациска рунда што ќе стартува во септември, а во која „црвено-жолтите“ ќе се сретнат со Косово и со поразениот од неделниот дуел Романија – Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА