Мкхтаријан: Ерменија утре оди на победа против Македонија

Македонија утре ќе ја пречека Ерменија во 4. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Капитенот на репрезентацијата на Ерменија и најдобар фудбалер, Хенрик Мкхтаријан вели дека утре одат на победа и ќе дадат се од себе.

„Моите соиграчи направија голема работа добивајќи ги првите три меча. Да не се лажеме утре одиме на победа. Ова е исклучително важен натпревар за нас и ќе дадеме се од себе да одиграме еден добар натпревар“, заврши Мкхтаријан. 

Мкхтаријан говореше и за Горан Пандев на кого му посака многу среќа во понатамошниот дел од клупската кариера…

„Горан Пандев е легенда на македонскиот фудбал. Беше многу важен за репрезентацијата. Во моментов не можам да направам разлика. Сигурно ќе недостасува во репрезентацијата, но ќе видиме по мечот како ќе биде. Му посакувам на Пандев среќа во понатамошната клупска кариера“, изјави Мкхтаријан. 

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија ќе се одигра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...