МКК Куманово се засили со Американецот Гуден

Финалистот во Купот на Македонија, екипата на Куманово, продолжува со активно составување на тимот за новата натпреварувачка сезона. Најново засилување за кумановци е американскиот плејмејкер Камерон Гуден.

Станува збор за 27-годишен кошаркар (висок 183 сантиметри), роден во Слајдел, Луизијана. Гуден поседува богато искуство од американската колеџ-кошарка. Таму настапуваше во НЦАА-лигата за Јута Универзитетот и за Дикси Стејт. Негов последен клуб пред доаѓањето во Македонија е тимот на Рајос де Хермисољо, каде што играше во мексиканската лига.

Пред ангажманот на Гуден, управата на Куманово веќе ги договори соработките со домашните кошаркари Бојан Крстевски, Бобан Стајиќ, Ренато Димитриевски и Алек Петковски. Со ова тимот јасно ги покажува високите амбиции за следната сезона.

Се вчитува...