Млад, а ладен како „шприцер“: Како Шошкиќ го одведе Работнички во полуфинале (ФОТО+ВИДЕО)

Работнички е последниот полуфиналист во плејофот откако „црвено-белите“ по огромна битка вечерва славеа во мајсторката против Работнички со 82-79. Битолчани се вратија од „минус 16“, се играше неизвесно буквално до последната секунда, кога младиот Андреј Шошкиќ со тројка со звукот на сирената го одведе Работнички во полуфинале против екипата на ТФТ.

Момчето кое ја игра последната сезона во Работнички, бидејќи веќе следната заминува во САД каде кариерата ќе ја продолжи во престижниот колеџот Стоуни Брук покажа дека прераснува во еден од најдобрите македонски кошаркари. Покрај кошот со звукот на сирената, тој одигра во финишот како да го има целото искуство на овој свет постигнувајќи ги последните единаесет поени за својата екипа.

 

 

Се вчитува...