Млад боксер почина во неговата прва професионална борба

Англискиот боксер Шариф Ловал почина откако колабираше во рингот за време на неговото професионално деби.

Дваесет и девет годишниот Лавал беше нокаутиран со удар во глава од неговиот ривал од Португалија, Малам Варела, во четвртата рунда.

На Лавал му помогнале во самиот ринг, по што бил пренесен во болница, од каде подоцна стигнала веста дека починал.

„Изразуваме сочувство до семејството на Шариф Лавал, кој трагично почина. Нашите мисли се со сите љубители на боксот во Велика Британија и со тимот на Лавал во ова тешко време“, велат од Боксерската асоцијација на Велика Британија.

Се вчитува...