Првиот пик на ланскиот драфт падна на допинг-тест

Центарот на Феникс Санс, Диандре Ејтон е суспендиран 25 натпревари, откако ги прекршил допинг правилата на најсилната кошаркарска лига во светот. Овој кошаркар беше избран за прв пик на драфтот во 2018 година, не ги оправда очекувањата, а сега се соочи со дополнителни проблеим.

Наводно, младиот кошаркар бил позитивен на лекови кои му помагаат на организмот да се ослободи од вишокот на течности, воглавно вода и натриум. Од Феникс најавија дека ќе упатат жалба на одлуката, бидејќи како што тие велат, кошаркарот не ги користел намерно супстанците.

Покрај суспензијата, поради тежината на престапот Ејтон ќе биде казнет и со огромни 2,17 милиони долари.

Се вчитува...