Младата германска скијачка Ема Ајхер е победничка на скратената супервелеслаломска трка која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар Ла Туил.
Германката до победата стигна со вкупно време од 57.89 секунди што беше за само шест стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка Софија Гоџа.
Подиумот го надополни втората домашна претставничка и лидерка во генералниот пласман Федерика Брињоне која доцнеше 39 стотинки зад времето на победничката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА