Младата Ајхер стигна до првата победа во Светскиот куп

По вчерашното второ место, младата германска алпска скијачка Ема Ајхер испиша нов одличен резултат откако стигна до својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање.

Ајхер до победата на спуст трката која се возеше во норвешкиот ски-центар Квитфил стигна со со време од 1:31.69 минута што беше за три стоти делови од секундата подобро од второпласираната Американка, Лорен Мацуга.

Подиумот го надополни Австријката, Корнелија Хитер која доцнеше 19 стотинки зад времето на победничката Ајхер. Утре во Квитфил на програмата е супервелеслаломската трка.

Се вчитува...