Младеновиќ: Да му вратиме на Гостивар за сите порази сезонава…

Блокотехна рутински ја заврши работата во четвртфиналната пресметка со Охрид, но во таборот на шампионот на БИБЛ-лигата се свесни дека вистинските предизвици во овој куп-турнир допрва претстојат. Првиот тежок испит избраниците на Марјан Илиевски ќе го имаат на денешниот дуел со Гостивар, ривал од кого сезонава претрпеа три порази.

„Мотивацијата е поголема од заморот, се чувствуваме подготвени за оваа куп-завршница и сонуваме ново финале по она во Тирана. Свесни сме за негативниот скор сезонава, но веруваме во себе, знаеме дека можеме да победиме и на тој начин да му вратиме на Гостивар за сите порази сезонава. Според мене клучна ќе биде одбраната, ако го спуштиме противникот под 80 постигнати поени ќе имаме сосема реални шанси за успех“ – изјавува плејмејкерот на Блокотехна, Марјан Младеновиќ.

Натпреварот меѓу Блокотехна и Гостивар на програмата е од 17.30 часот. Во вториот полуфинален дуел силите ќе ги одмерат вечните ривали, МЗТ Скопје и Работнички, во реприза на ланското финале.

Се вчитува...