Младеновиќ недојден си замина од Гостивар, познат и новиот клуб

Марјан Младеновиќ за само неколку дена по распадот на Охрид успеа да смени два клуба, откако во последен момент пропадна трансферот во Гостивар, па искусниот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во дресот на Куманово.

Поранешниот кошаркар на Блокотехна требаше да биде главен организатор на играта на Охрид, но по банкротот на овој клуб тој постигна договор со Гостивар. За трагедијата да е уште поголема, тој одигра и еден меч со гостиварци, ревијалниот дуел против Кожув во саботата, за веднаш потоа да соопшти дека си заминува од клубот. Официјалниот договор требаше да биде потпишан в понеделник, па токму затоа тој веднаш се спакува и си замина, а следна дестинација ќе му биде Куманово.

Тимот на Александар Петровиќ испрати понуда до плејмејкерот уште при првата информација за распадот на Охрид, Младеновиќ во прв момент го избра Гостивар пред Куманово, но потоа се премисли и реши кариерата да ја продолжи во таборот на кумановци.

Се вчитува...