Женската кадетска репрезентација на Македонија го освои ЕХФ шампионатот во Литванија откако во финалето го совлада Исланд со 27-26. Покрај златото девојките го собраа и поголемиот дел од индивидуалните награди.
Ива Младеновска е избрана за најкорисна ракометарка на турнирот, а покрај неа дел од идеалниот тим се и десното крило Теодора Дукоска и Марија Јовановска која е избрана за најдобар голман.
Покрај титулата од шампионатот македонските ракометарки обезбедија пласман и на следното Европско првенство во оваа старосна категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА