Младеновска: Среќна сум за МВП трофејот, но титулата со Металург ми е поважна

ЖРК Металург е освојувач на Куп титулата во женска конкуренција, откако во финалниот меч на Ф4 турнирот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци славеше над Ѓорче Петров со 30-27.

Тимот од Автокомадна стигна до куп трофеј на крилјата на неверојатниот ракометен талент Ива Младеновска која со девет гола беше најпрецизна во финалето, а со тоа се закити и со титулата најкорисна ракометарка на Ф4 турнирот.

По натпреварот Младеновска изјави дека титулата со Металург и значи многу повеќе од МВП признанието.

„Очекував дека можам да бидам лидер и да го водам мојот тим до титулата. Ако немате големи очекувања не може да имате и големи успеси. Ми значи многу МВП наградата, но уште повеќе ми значи и титулата со Металург. Имам кажано во неколку наврати дека доколку со клубот имаме големи успеси, тие ќе се пренесат и во репрезентацијата“, изјави Младеновска. 

Се вчитува...