Младеновски: Немаме многу време за тагување, мора фокусот на Шкотска и подобро издание

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Станикевски

Македонскиот дефанзивец Марио Младеновски одигра квалитетен натпревар во поразот на националниот тим на гостувањето против Словенија во Љубљана.

Митровски, по мечот, сепак разочаран по поразот, нагласи дека нема време за многу анализи, но останува што подобро подготовка наредниве денови за новиот предизвик, наречен Шкотска.

„Боли поразот, но мислам дека сите задачи зададени од селекторот во првото полувреме ги исполнивме, создадовме и некои шанси кои, за жал, не ги искористивме на најдобар начин. Примивме голови по наши грешки, вториот гол по една транзиција. Можеби требаше да реагираме во одбраната малку подобро, почнувајќи од мене, но ете тоа е… Како и да е, нема време за многу жалење за некои нештаа, сега треба да се концентрираме на дуелот со Шкотска, да дадеме максимум низ едно уште подобро издание и мислам дека резултатите ќе си дојдат“ – вели Младеновски.

 

Се вчитува...