Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Младеновски одигра одличен натпревар за својот Вараждин во дербито против Динамо Загреб, но и тоа не беше доволно за ништо повеќе од пораз од 3-1 во 4. коло од новата сезона во хрватскиот шампионат.
Гостите имаа водство на полувреме од 0-1 и тоа токму благодарение на нашиот фудбалер кој во 28. минута ја стресе мрежата на противникот. Сепак, најтрофејниот хрватски тим заигра далеку подобро во вториот дел и со погодоците на Белјо во 58, Галешиќ во 68. и Мудражија во 93. минута успеа да слави со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
