Во последниот натпревар од шестото коло во младинската Суперлига на Македонија, Работнички ја совлада Македонија ЃП со 4-0.
Домаќините постигнаа по два погодоци во секое полувреме, а серијата голови ја отвори Јован Миленковски во 19. минута.
Во 39. минута Бленди Ганиу зголеми на 2-0, а во првата минута од второто полувреме истиот играч го постигна и третиот гол за Работнички. Конечните 4-0 ги постави Матеј Киш со погодокот во 56. минута од натпреварот.

Во дербито на колото Вардар триумфираше над Шкендија Тетово со 3-0 и се задржа на лидерската позиција на табелата.
“Црвено-црните” поведоа со голот на Андреј Димитриевски во 28. минута. На почетокот од второто полувреме Лука Кнежевиќ зголеми на 2-0, а третиот погодок за Вардар беше дело на Николче Баталоски постигнат во 86. минута.
Штипска Брегалница на гостувањето во Тетово славеше над Тетекс со 4-0. Двоен стрелец беше Филип Чичев, а по еднаш прецизни беа Мартин Качаков и Филип Чичев.
АП Брера триумфираше над Пелистер со 4-1. Два пати во листата на стрелците се запишаа Ристе Милев и Виктор Манчовски додека погодоците за гостите беа дело на Мартин Талевски и Виктор Тошевски.

Во последниот дуел од шестото коло Шкупи го совлада Охрид Лихнидос и ја забележа првата победа во новата сезона.
По шест рунди води Вардар со 16 бода, четири повеќе од Работнички, Брегалница и Шкендија Тетово.
ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ПЕЛИСТЕР ВО КАДЕТСКАТА ЛИГА
Во дербито од шестото коло во кадетската Суперлига, Вардар забележа победа од 4-3 во соочувањето со Пелистер.
Вардар поведе со голот на Стефан Стефаноски уште во третата минута. Во 27. Никола Јанкулоски зголеми на 2-0, а девет минути подоцна Милош Мандиќ беше стрелец на третиот гол за домаќинот.

Во финишот од првото полувреме Јован Пашоски од пенал намали на 3-1, а во 55. минута Јанкулоски повторно го совлада голманот на Пелистер за предност од 4-1. До крајот на натпреварот гостите од Битола постигнаа уште два гола, а стрелци беа Мартин Василев и Петар Атанасовски.
Градските ривали Македонија ЃП и Работнички играа без голови додека Шкендија Тетово на домашен терен славеше над АП Брера со 2-0.
Гостинска победа забележа Брегалница Штип која со 4-3 го совлада тимот на Арсими.
Пионерите го одиграа шестото коло, а фудбалерите на Пелистер во Скопје го совладаа Вардар со 1-0 ја продолжија триумфалната серија во шампионатот.
Натпреварот беше решен во десеттата минута кога Ламбро Димитар Атанасовски го постигна единствениот гол за гостите.
Брегалница Штип е поразена на гостувањето во Гостивар, Арсими во овој натпревар славеше со 3-1.

Во најефикасниот дуел во оваа рунда, Работнички како гостин ја совлада Македонија ЃП со 4-3 додека Шкендија Тетово и АП Брера освоја по бод откако двата тима постигнаа по два погодоци.
Охрид Лихнидос славеше над Шкупи со 2-1 и ја забележа првата победа во досегашниот тек од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
