Младински репрезентативец на Македонија потпиша за Охрид

Екипата на Охрид донесе уште едно засилување во своите редови, откако потпиша договор со младинскиот репрезентативец на Македонија, Павле Михајловски. Тој беше еден од најдобрите кошаркари во нашиот состав при слабиот настап на Европското Првенство во Португалија, по што Михајловски реши да ја прифати понудата на тренерот Илиевски и да му се приклучи во Охрид.

Двајцата имаа успешна соработка во Блокотехна, каде Илиевски го донесе Михајловски откако младиот кошаркар ја почна сезоната во дресот на Вардар. Младинскиот репрезентативец е четвртото засилување на охриѓани од тимот на Блокотехна, по Мијатовиќ, Младеновиќ и Лефкоски.

Со ангажманот на Михајлоски се затвора ростерот на охриѓани, барем до стартот на новата сезона што ќе биде закажан за месец октомври.

Се вчитува...