Младинскиот репрезентативец Давид Бошески на проба во Динамо Загреб

Членот на македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, Давид Бошески е на проба во редовите на хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Бошески ова лето од редовите на екипата на Њу Старс од Скопје се пресели во составот на Кит Го каде мина дел од подготовките. Но, деновиве е на проба во редовите на Динамо Загреб во обидот својата кариера да ја продолжи во еден од најголемите клубови на Балканот.

По десетдневната проба ќе биде познато дали 18-годишниот Бошески ќе стартува интернационална кариера или следната сезона, сепак, ќе ја мине во редовите на второлигашот Кит Го од Пехчево.

Се вчитува...