Младинскиот репрезентативец Ѓорѓиевски пред трансфер во Осијек

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски е пред трансфер во хрватскиот прволигаш Осијек.

Ѓорѓиевски, кој изминавата сезона настапуваше за второлигашот Борец од Велес, сега е пред преселба во редовите на Осијек. Според нашите информации остануваат уште деталите меѓу двете страни и за официјализација на трансферот.

Уште еден фудбалер на Борец Велес ова лето заминува во странство. И Оливер Стојменовски, кој е фудбалер на Работнички а претходно во кариерата има настапи и за азербејџански Карабах, сега е пред можна преселба во романски Клуж.

Од редовите на Борец замина уште единствено и голманот Микица Ѓоргиевски.

Се вчитува...