Со првите турнири во машка и женска младинска конкуренција стартуваше новата одбојкарска сезона на домашната сцена.
Пет турнири се одиграа кај девојките, два во Скопје и по еден во Тетово, Велес и Струмица со кои започна трката за шампионската титула во ова првенство.
Екипата на Газели Волеј, која е минатогодишен шампион беше домаќин на еден од турнирите и со две победи влезе во новата сезона. Ист учинок имаше и ланскиот финалист кај младинките, Фит Фан Волеј на турнирот во Тетово.
Во машка конкуренција се одиграа два турнири, а бранителот на титулата Работнички 71&22 тргна со една победа и еден пораз на турнирот во Тетово. Екипите на ГОК Борец и Штип УГД запишаа по една службена победа откако тимот на Универзитет во Тетово не се појави на теренот.
Во групата Б во Скопје Струмица 47&72 имаше максимален учинок, додека по една победа имаа Македонија Џио и Весна Пробиштип.
МЛАДИНКИ – ГРУПА А
Газели Волеј – Работнички Скопје 2:0 (25:21, 27:25)
Ново Село – Работнички Скопје 0:2 (17:25, 14:25)
Пелистер Волеј – Ново Село 2:0 (25:19, 25:19)
Газели Волеј – Пелистер Волеј 2:0 (25:19, 25:17)
МЛАДИНКИ – ГРУПА Б
Универзитет во Тетово – Риниа 2:0 (25:3, 25:15)
Риниа – Фит Фан Волеј 0:2 (10:25, 8:25)
Фит Фан Волеј – Весна Пробиштип 2:0 (25:5, 25:15)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 2:0 (25:11, 26:24)
МЛАДИНКИ – ГРУПА В
ГОК Борец – ЖОК Вардар ЕМ 2:0 (25:12, 25:18)
Јанта Волеј-КВ – ЖОК Вардар ЕМ 2:1 (25:21, 16:25, 15:8)
Струмица Жени – Јанта Волеј-КВ 0:2 (14:25, 13:25)
ГОК Борец – Струмица Жени 2:1 (25:22, 18:25, 15:11)
МЛАДИНКИ – ГРУПА Г
Наковски Волеј – Јанта Волеј БУТ 2:0 (25:9, 25:10)
Јанта Волеј БУТ – Форца Волеј ЕМА 0:2 (11:25, 20:25)
Наковски Волеј – Форца Волеј ЕМА 2:0 (26:24, 25:19)
МЛАДИНКИ – ГРУПА Д
Фламинго Волеј – Младост УГД 0:2 (23:25, 17:25)
Младост УГД – Македонија Џио 2:0 (25:11, 25:10)
Фламинго Волеј – Македонија Џио 2:0 (25:22, 25:21)
МЛАДИНЦИ – ГРУПА А
Шкендија – Работнички 71&22 2:1 (25:22, 18:25, 15:4)
Работнички 71&22 – ГОК Борец 2:0 (25:20, 25:20)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец 0:2 сл.
Штип УГД – Универзитет во Тетово 2:0 сл.
Шкендија – Штип УГД 0:2 (21:25, 20:25)
МЛАДИНЦИ – ГРУПА Б
Јанта Волеј мажи – Струмица 47&72 0:2 (6:25, 12:25)
Македонија Џио – Струмица 47&72 0:2 (20:25, 19:25)
Весна Пробиштип – Македонија Џио 1:2 (15:25, 25:19, 10:15)
Јанта Волеј мажи – Весна Пробиштип 0:2 (22:25, 20:25)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
