Кошаркарот на Панатинаикос, Гершон Јабуселе, ги обвини навивачите на Партизан за несоодветно однесување.
„Гробарите“ му приредија жешко добредојде на францускиот кошаркар, не заборавајќи ја неговата улога на натпреварот со Реал Мадрид во плејофот за Евролигата во 2023 година кога физички го нападна партизановиот кошаркар.
„Така е. Никогаш не бегам од таква атмосфера. Јас сум тип на играч кој го прифаќа тоа на позитивен начин. Кога си натпреварувач и ја сакаш кошарката, играњето во салата пред 15.000 луѓе кои се против тебе е нешто убаво. Тоа е нешто што го уживам и го сакам. Воопшто не ме загрижува“, рече Јабуселе.
Тој истакнува дека навивачите на Партизан фрлале предмети и плукале по него.
„Единственото нешто што би го истакнал е моментот кога го напуштав теренот, почнаа да фрлаат разни предмети кон мене, да ме плукаат во лице и да прават слични работи. Но, што да кажам? Така е. Проблемот е што сите го знаат тоа, а никој не презема ништо. Никој не реагира, и тоа продолжува. Во секој случај, победивме и тоа е најважно“, рече Јабуселе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
