Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата во Манчестер Сити, а развојот на настаните во англискиот клуб би можел да влијае на иднината на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.
Според медиумските извештаи, мадридските гиганти сè уште се заинтересирани за Ерлинг Халанд и наводно чекаат можност да се обидат да го доведат на Сантијаго Бернабеу.
Како што објави порталот „Трибјун“, Реал Мадрид со години има добри односи со семејството на Халанд и неговите претставници.
Очигледно, комуникацијата меѓу двете страни трае долго време, што би можело да ги олесни евентуалните преговори доколку се појави можност.
Интересот на шпанскиот клуб не е нов. Реал внимателно ја следи ситуацијата на норвешкиот голгетер во Премиер лигата, како и евентуалните промени во неговиот договорен статус со Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
