Леао искрено по мечот во Истанбул: „Дајте му ја веднаш Златната топка…“

По синоќешниот натпревар меѓу Галатасарај и Барселона, португалскиот репрезентативец Рафаел Леао застана пред камерите и изјави дека повеќе нема дилема кој играч треба да ја освои Златната топка оваа година.

Во Истанбул гледавме навистина одличен натпревар меѓу Галатасарај и Барселона. Иако шампионот на Турција пружи доста добар отпор, на крајот не успеа да го запре каталонскиот тим. Галатасарај имаше предност од 1-0, но кога Барселона почна да игра на свое ниво, сè се промени. Гостите беа особено одлични во второто полувреме, и на крајот победија со 1-4.

По натпреварот, од тимот на Галата не беа расположени за изјави, а еден од ретките што застана пред камерите беше Рафаел Леао, кој по мечот остана на теренот и имаше краток разговор со Ламине Јамал, и јасно стави до знаење дека се надева дека играчот на Барселона ќе ја добие Златната топка.

Португалецот изјави дека по синоќешниот настап на Јамал, повеќе нема сомнежи дека заслужува да биде прогласен за најдобар играч во светот за оваа година.

„Се надевам дека Ламине Јамал ќе ја освои Златната топка, но и многу големи трофеи со Барселона. Дајте му ја Златната топка сега, тој е неверојатен“, рече Леао и додаде.

„Тој е меѓу најдобрите играчи во светот. Навистина го почитувам како фудбалер и како личност. Опкружен е со одлични играчи во фантастичен клуб и тој го користи тоа на најдобар можен начин.“

Патем, сагата за Златната топка ќе заврши наскоро бидејќи церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.

Покрај Јамал, Хари Кејн и Килијан Мбапе се меѓу главните кандидати за освојување на оваа награда.

Се вчитува...