Страхиња Павловиќ ќе продолжи уште долго да ги брани боите на Милан откако ги договори условите за продолжување на сооработката – до јуни 2031 година.
Србинот кој пристигна во 2024 од таборот на Салцбург се наметна како клучен дефанзивец кај сите претходни тренери, па и кај Рубен Аморим, а клупската управа го награди тоа со нов, далеку побогат договор.
Како што информираат италијанските медиуми, Павловиќ со новиот договор ќе заработува 3,5 милиони евра, двојно повеќе од она што досега го добиваше како плата на „Сан Сиро“. Договорот е веќе потпишан, а „росонерите“ до крајот на оваа седмица би требало да ја официјализираат продолжената соработка со одличниот фудбалер од одбраната.
Павловиќ кариерата ја почна во Партизан, од каде се пресели во Монако. Следеа позајмица во Серкл Бриж и во Базел, за на крајот да се наметне како лидер во Салцбург, од каде следеше трансферот во Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
