Барса гази се пред себе, но и поставува неславни рекорди

Барселона ја продолжи неверојатната форма откако со пресврт славеше на гостувањеето против Галатасарај, за десетта победа на каталонскиот гигант на десетиот меч оваа сезона. Изгледа нереално, но и во вакво моќно издание, Барселона урна неславен рекорд кога станува збор за натпреварите од Лигата на Шампионите.

Нападот делува страшно дури и во ситуација кога го нема Рафиња, но затоа одбраната е проблем за Ханси Флик. Тоа најдобро го покажува фактот дека каталоноците примија најмалку по еден гол на последните 17 натпрвари од Лигата на Шампоните..

Тоа е најдолга ваква серија на Барса во клупската историја кога станува збор за европските натпреварувања, па јасно е зошто Флик иако задоволен од триумфот во Истанбул, јасно стави до знаење дека очекува уште подобри изданија од своите избраници.

Барселона последен пат не примила гол на меч од ЛШ во четвртфиналето од сезоната 2024/25, кога славеше со 4-0 над Борусија Дортмунд.

На претходните 17 мечеви, каталонците дури пет пати примиле три или повеќе погодоци, а голманите на Барса дури 32 пати ја ваделе топката од мрежата. На овие 17 средби каталонскито гигант има 9  победи, три реми и пет порази.

Се вчитува...