Хари Кејн го престигна Меси, сега лови рекорд на Роналдо

Хари Кејн постигна нови два погодоци за Баерн Минхен против Викинг, остварување со кое фантастичниот голгетер го мина Лео Меси на листата со најмногу погодоци во ЛШ постигнати по 30 наполнети години.

За Кејн ова беше 36. погодок на вкупно 40. натпревар од елитното натпреварување откако наполни 30 години. Меси имаше 35 погодоци во ова рангирање, на вкупно 48 натпревари на аргентинскиот генијалец по неговиот 30. роденден.

Следен предизвик за Кејн е стигнувањето на рекордот на Кристијано Роналдо, кој во периодот од финалето 2017 до четвртфиналето 2018 година имаше фантастични 11 меча во низа на кои се запиша меѓу стрелците (постигнувајќи вкупно 17 погодоци во тој период).

Кејн е во серија од девет натпревари во низа на кои постигнал барем по еден погодок, такво нешто досега им успеало уште и на Ван Нистелрој и на Роберт Левандовски, но јасно е дека англискиот ас пред себе како зацртана цел го има рекордот на Роналдо.

Тоа сепак нема да биде нималку лесно ако се земе во предвид распоредот, Баерн Минхен во следното коло ќе се сретне со Арсенал, по што ќе следи гостување во Мадрид против Атлетико, пресметки со два тима кои ги имаат можеби и најдобрите одбрани во фудбалска Европа.

Се вчитува...