Жељко Обрадовиќ го крена Белград на ноза откако синоќа пристигна назад во својот град за гостување против Партизан, клубот што самиот Жељко го опишува како своја вечна љубов.
Тој сепак не покажа милост на теренот и Панатинаикос лесно и убедливо триумфираше, а Обрадовиќ по мечот се заблагодари на добиената поддршка.
„Беше неверојатно, навистина неверојатно. Партизан е можеби и најдобар клуб во светот, токму поради овие луѓе овде, поради навивачите“, прокоментира популарниот Жоц.
Потоа, тој обелодени и зошто одбил да прими подарок од управата на „црно-белите“.
„Имав разговор, ме известија дека се подготвува нешто во тој правец. Им реков дека нема потреба, мене Партизан ми има дадено се во животот, нема потреба ништо повеќе да ми се дава. Исто како што и јас дадов се за Партизан. Се чувствувам дел од ова и тоа никој не може да ми го одземе“, прокоментира Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
