Младинско ЕП: Грузија ја освои групата за четвртфинале, Шпанија спаси пораз од Украина

Грузија го направи најголемото изненадување на Европското младинско првенство кое се одржува во Романија и во Грузија, откако како прва во групата се пласираше во 1/4 финалето. Грузијците одиграа нерешено со Холандија, а Португалија ја совлада Белгија, и тоа им овозможи прво место на домаќините.

Со нив во 1/4 финале оди и селекцијата на Португалија, додека Холандија и Белгија си одат дома.

Во другата група, Шпанија со гол во последните мигови од мечот се спаси од пораз од Украина. Шпанците два пати губеа со 0-1 и 1-2, но во последните мигови успеаја да извадат бод и така како првопласирани во групата да се пласираат во следната фаза.

Прва во 1/4 финалето се пласираше Англија која ќе игра против Португалија во најдобрите осум. Утре ќе се комплетираат и останатите учесници во најдобрите осум во Европа.

Се вчитува...