Ракометната репрезентација на Македонија го освои 25. место на Светското првенство до 21 година кое се игра во Полска, откако во мечот за разигрување без проблеми славеше против Соединетите Американски Држави со 47-28.
Нашите надежи тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот, па веќе до полувреме имаа двоцифрена позитива од 24-13.
Во вториот дел нашите надежи само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 47-28. Ненад Белистојаноски со седум гола беше прво име во нашиот табор, додека кај Американците Кампос Менендез постигна осум гола.
Иако го завршивме настапот на шампионатот со победа, сепак ова е многу послаб резултат од минатата година кога на континенталниот собир нашите ракометари завршија на 9. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА