Младинците го преслушаа Косово за прва победа во Варна

Македонската младинска ракометна репрезентација стигна до првата победа на ЕХФ Шампионатот во Варна, Бугарија откако славеше во натпреварот против Косово со 28-50. „Црвено-жолтите“ важеа за апсолутен фаворит на денешниот меч, а очекувањата ги оправдаа со преубедлива победа.

Победата нашите репрезентативци ја наговестија уште од самото отварање на натпреварот во кој стигнаа до предност од пет гола за истите да ги задржат во поголемиот дел од првото полувреме. Сепак финишот ни припадна нам па со серија од пет гола во низа стигнавме и до двоцифрена предност на полувремето (21-11). Вториот дел не донесе промени на паркетот, Македонија продолжи со добрата игра на двата дела од теренот и на крајот стигна до лесна победа.

Предовдник на Македонија беше Ненад Белистојаноски со девет гола, него го следеше Димитар Узунчев со осум гола, Марио Стојановски мечот го заврши со пет погодоци, додека Дејан Михајловиќ, Александар Петковски и Божидар Илиески броеја до четири. Лидер на Косово беше Јон Вокши даде девет гола, а него го следеше Ардин Бериша со осум.

Се вчитува...