Младинците ја декласираа Турција во пријателски меч

Младинската млада репрезентација на Македонија со стил ја доби првата од двете пријателски средби против Турција откако „црвено-жолтите“ славеа со огромни петнаесет разлика 34-19.

Избраниците на Раде Стојановиќ го решија победникот уште во првото полувреме кое го добија со седум голови (18-11). Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 34-19.

Петковски беше најдобар стрелец со шест погодоци, по четири гола дадоа браќата Узунчеви и Тотиќ. Вториот меч против Турција е закажан за утре од 16 часот.

Се вчитува...