Младинците на Брера се победници на Купот на Македонија во младинска категорија. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје во финалниот натревар слева убедлива победа од 4-0 против врсниците на Брегалница.
Во самиот финиш на првото полувреме, во 45. минута Бобан Кузмановски погоди за 1-0. Истиот фудбалер во 48. минута ја зголeми предоста на струмичани. Во 56. минута гол постигна Давид Ристовски за 3-0, додека во 83. минута со автоголот на Дарко Митев беше постигант конечниот резултат.
Пехарот и медалите ги додели техничкиот директор на младите селекции на Македонија и нашиот поранешен репрезентативец, Ѓорги Христов.
ФИНАЛЕ НА КУП НА МАКЕДОНИЈА – МЛАДИНЦИ
ФК „Брегалница 2008 – ФК АП Брера Струмица 0-4 (0-1)
ФК „Брегалница 2008: Мартин Миленковски, Филип Чичев, Ненад Миланов, Алекс Дмитров, Драган Трајчов, Павел Штерјов, Лука Николов, Лука Бојаџиев, Дарко Митев, Бранимир Иванов. Резерви: Андреј Арсовски, Матеј Тимовски, Назиф Мемишев, Стефан Антониев, Максим Смилков, Стефан Николов, Филип Станчев, Наце Васев, Даниел Величков и Матеј Трајчев
Шеф на стручен штаб: Никола Кузманов
ФК АП Брера Струмица: Спасе Вргов, Андреј Велков, Марио Митрев, Каменчо Андоновски, Мартин Шаренковски, Бобан Кузмановски, Игор Ристов, Давид Ристовски, Здравко Перески, Флориан Рочи, Никола Ангелов, Резерви: Александар Трајков, Алебн Рочи, Јован Дрввошанов, Јован Постолов, Габриле Талески, Давид Медарски, Мартин Ѓорѓиев, Матеј Сејменов, Лука Варошановски, Иван Танчев и Бојан Велков
Шеф на стручен штаб: Ѓорѓе Стојчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА