Младинците на Брера Струмица со убедлив триумф над Санта Колома во Лигата на шампионите

Младинската екипа на Брера Струмица оствари историска победа во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го тимот на Санта Колома од Андора со убедливи 3-0 во првиот натпревар. Ова воедно е и прв триумф за една македонска екипа во ова елитно фудбалско натпреварување.

Гостите пружија отпор во првото полувреме, а струмичани целосно ја скршија нивната одбрана во вториот дел. Херој на натпреварот беше Глигор Бучков, кој го отвори резултатот во 57. минута, а во 80. минута зголеми на 2-0. Конечните 3-0 и големата радост за Брера ги запечати Филип Кулески во 87. минута од средбата.

Реваншот меѓу Брера и Санта Колома се игра на 14 октомври од 15 часот.

Се вчитува...