Младинската ракометна репрезентација на Македонија ремизираше со домаќинот Полска (24-24) на стартот од турнирот што се игра во оваа земја како дел од подготовките за летните предизвици и настапот на претстојното Светско првенство што ќе се одржи летово.
Првото полувреме мина во израмнета борба, Полјаците имаа водство од 14-13, но Македонија беше подобра во првите петнаесетина минути од вториот дел, поведувајќи со 17-21. Домаќините го свртеа резултатот во своја полза и поведоа со 22-21, за во драматична завршница да успееме да стигнеме до реми, откако голманот Брестовац го запре последниот напад на полските ракометари.
Македонските младинци утре во рамките од второто коло од овој турнир ќе се сретнат со врсниците од Алжир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА