Младинците со победа на првиот тест против Црна Гора

Младинската репрезентација на Македонија забележа победа од 31-28 на првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора што се одигра во Маврово.

Овој дуел беше добра можност за селекторот Брестовац да ги види на дело своите избраници против солиден противник, а македонските ракометни надежи ги оправдаа очекувањата, одиграа пред се квалитетно во нападот и на крајот заслужено се радуваа на победата. Македонија денеска ќе игра уште еден контролен натпревар против Црна Гора, како загревање за ЕХФ шампионатот што наредниот петок почнува токму во нашата земја.

Противници на македонскиот национален тим на овој шампионат ќе бидат селекциите на Украина, Швајцарија, Италија и Велика Британија.

Се вчитува...