Младите кошаркари до 15 години не знаат за пораз: Падна и Косово во Романија

Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 15 години, продолжува со одличните изданија во рамките на проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“.

Македонските кошаркари денеска, во рамките на овој проект, ја запишаа и единаесеттата победа, славејќи на турнирот во Букурешт, Романија, против селекцијата на Косово со повеќе од убедливи 83-48 (10-10,26-10,30-11,17-17). Па, од Романија сега се враќаат со максимален ефект од три победи на исто толку натпревари.

makedonija u15

Повторно предводени во македонската селекција и на овој дуел беа Марко Миловановиќ и Лука Савичевиќ со по 22 постигнати поени. Миловановиќ имаше плус и 10 скока и една асистенци, како и пет украдени топки.

Осум поени на дуелот постигна Славко Трајковски, Марко Величковски забележа 7 поени, а 6 поени запиша Стефан Јовановски.

Се вчитува...