Младите кошаркари загубија од Романија, останаа без шанси за полуфинале

Младинската репрезентација на Македонија во третото коло го претрпе својот втор пораз на Европското Првенство – Б дивизија што се игра во Романија, губејќи ги на тој начин сите шанси за пласман во следната рунда од шампионатот. По неуспехот против Грузија, македонските младинци попладнево загубија и од домаќинот Романија, откако во неизвесен дуел беа поразени со 63-68.

Нашите кошаркарски надежи парираа се до 33. минута, кога имаа и минимално водство од 55-54 со тројката на Робев. Сепак, потоа Романците влегоа во серија, си создадоа солидна предност што ја одржаа до самиот крај.

Најрасположен во редовите на Македонија беше Маслинко со 24 поени и 10 скока, премалку за да се изненади домаќинот на овој шампионат.

Нашите кошаркари утре ќе ги одмерат силите со селекцијата на Малта, меч што нема преголемо резултатско значење во ситуација кога шансите за пласман во следната рунда целосно исчезнаа со денешниот пораз.

Се вчитува...