Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години ќе игра за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство – Б дивизија откако денеска загуби од Словачка 46-64. Со тоа избраниците на селекторот Дарко Радуловиќ ги загубија шанси за висок пласман во групата Д, едно од првите две места кои носат шанса за разигрување меѓу осумте најдобри селекции.
Македонија обезбеди предност (17-9) по првата четвртина, но Словачка возврати во вториот дел и ја доби со 20 поени разлика (11-31). Потоа се беше во знакот на словачките кошаркари на овој меч.
Најефикасен во македонскиот состав беше Павле Михајловски со девет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА