Младите на Шкендија го почнуваат европскиот пат: Против Нитра на стартот од младинската ЛШ!

Младинскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија денеска ги почнува своите натпревари во елиминациската фаза од младинската Лига на шампиони на УЕФА.

Тетовци во 1. коло од патот на шампионите од земјите со послаб рејтинг коефициент на УЕФА од 18 часот во Словачка го играат првиот натпревар против Нитра.

Младите фудбалери на Шкендија се подготвени, како што велат, за комплетно надигрување со противникот денеска на стадионот на ФК Нитра, со што би обезбедиле позитивен резултат пред реванш дуелот следната недела.

Како што е познато, во овој дел од натпреварувањето во младинската Лига на шампиони треба да бидат одиграни две елиминациски кола, со натпревари дома – гости, по што осум најдобри ќе се приклучат на осум екипи од натпреварувањето по групи во ЛШ кои потоа ќе разигруваат до европската шампионска круна.

Се вчитува...