Ракометарите на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер загубија во полуфиналето на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони.
Битолчани во првото полуфинале рано утринава загубија од данскиот ГОГ Гудме со убедливи 21-36. Данците уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа позитива од пет гола 12-17.
Во вториот дел разликата само се зголемуваше и на крајот тие завршија со убедлив триумф од 21-36. Буторац и Хаџиќ со по четири гола беа први имиња во таборот на нашиот тим, додека кај победникот Соренсен заврши со осум погодоци.
Во второто полуфинале се среќаваат Барселона и Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА