Младите „пелистерци“ против Алборг ќе бркаат билет за нов фајналфор

Кадетската екипа на Е. Пелистер ќе се обиде да го повтори огромниот успех од ланската година, кога успеа да стигне до фајналфор турнирот во кадетската Лига на Шампиони.

Задачата секако нема да биде нималку лесна, ако се знае дека во првиот меч од квалификациската група „пелистерци“ ги очекува пресметка со данскиот првак Алборг. Дуелот е закажан за 30 март во Пореч, а Пелистер во случај на победа би играл финале на групата против победникот од дуелот Загреб – Берлин.

Само победниците на четирите турнири организирани од ЕХФ обезбедуваат билети за претстојниот фајналфор во Келн, што се игра  во истиот период како и завршницата од сениорската Лига на Шампиони.

Се вчитува...