Младите Пелистерци против Барселона за третото место во ЛШ

Ракометарите на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер загубија во полуфиналето на Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони.

Битолчани во првото полуфинале рано утринава загубија од данскиот ГОГ Гудме со убедливи 21-36.

По завршувањето на второто полуфинале познат е и противникот на Еурофарм Пелистер во мечот за третото место. Тоа ќе биде Барселона која во трилер меч по продолженија загуби од Веспрем со 43-42.

Се вчитува...