Младинскиот тим на македонскиот шампион Е. Пелистер денеска рано наутро ќе ја отвори фајнал-фор програмата во ракометната Лига на шампиони.
Тие во првото полуфинале од младинското елитно натпреварување ќе се сретнат со данскиот ГОГ Гудме, меч кој е со почеток во 9 часот, а ќе се игра во Дормаген.
Доколку битолчани слават во овој меч за противник во финалето ќе го имаат подобриот од дуелот меѓу Барселона и Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА